Програма за замена на 2D рендген апарати по принципот “СТАРО ЗА НОВО”

За првпат и само кај нас, во рамките на брендовите ОРАЛМЕД и 3D.RTG на EDG – официјален претставник на компанијата Vatech во Северна Македонија, нудиме можност за замена на вашиот 2D рендген панорамски апарат по принципот „Старо за ново“, вклучувајќи ги сите брендови во замената, по реални пазарни цени.

Замената подразбира неколку чекори:

1. Услов да се биде учесник во програмата СТАРО ЗА НОВО – клиниката мора да поседува стар 2D ПАНОРАМСКИ РТГ апарат.

2. Преглед на вашиот рендген апарат – се врши од страна на наш овластен сервисер со претходно закажување на термин. Прегледот е бесплатен.

3. Информацијата за откупот се соопштува во рок од 24 часа т.е. по добивањето на официјален одговор од овластени лица на Vatech компанијата.

4. Откуп на апаратот – доколку се согласат двете страни. Во случај на договор за откуп, клиниката остварува право за откуп на стариот 2D ртг апарат со нов 3D CBCT модел А9 и PC HP Z4 Workstation. (РТГ апаратот А9 е специјализиран модел на компанијата Vatech исклучиво направен за програмата “Старо за ново”. Тоа е 2 во 1 систем т.е. имате можност да правите 2D PANO и 3D CBCT ртг снимки. За повеќе информации, притиснете на овој линк)

Проценката на вашиот апарат можете да ја закажете преку овој линк или со јавување на телефонскиот број 02/6090990 локал 3 или 6.

Vatech го задржува правото да не го откупи понудениот ртг апарат доколку не се исполнети некои од наведените услови, работната политика на компанијата или некоја трета причина.